ВИДЕО: Харисон Форд повреден во авионска несреќа

Холивидскиот актер Харисон Форд е повреден и итно пренесен во болница, откако неговиот мал авион се урнал на терен за голф во реонот на Лос Анџелес, јавуав АП, пренесува Нетпрес.

Форд (72) самиот пилотирал со едномоторниот авион, кога леталото почнало да ја губи висината, па неможејќи да долета до аеродромот во Санта Моника каде актерот патувал, авионот удрил на земјата.

Според американските медиуми, инцидентот се случил во четвртокот во 14.20 часот по локално или во 23. 20 по средноевропско време.

На местото на несреќата веднаш се нашле екипи за спасување и полицијата, која отворила истрага за причините за уривањето.

При падот, авионот останал без предниот дел, а од силината на ударот Форд бил исфрлен од своето пилотско седиште и останал на теренот ,каде го пронашле екипите за прва помош.

Лекарите кои први дошле до повредениот актер, подоцна изјавиле за локалните медиуми дека Форд дишел и бил свесен, но во пределот на главата имал повеќе исеченици и повреди. Засега нема сознанија за неговата вкупна здравствена состојба.

harisonford

Харисон Форд е ѕвезда на американскиот филм кој во својата долга кариера има настапувано во повеќе десетина филмови.Најголема слава има стекнато со улогите во серијата филмови за Индијана Џонс и за „Војната на ѕвездите“.

Подоцна оваа година, Форд треба одново да го толкува својот некогашен филмски лик Хан Соло,во новото продолжување од серијата „Војната на ѕвездите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.