ВИДЕО: Хеликоптер слета на кејот на Вардар – пресудата за Диво Насеље го блокира Скопје

 

Со хеликоптер кој слета на кејот на Вардар во Скопје денеска во судот беа донесени обвинетите во случајот Диво насеље на кои судот треба да им ја изрече пресудата.

МВР уште во текот на вчерашниот ден објави а денеска спроведе мерки за воведување на посебен сообраќаен режим на потегот околу судот, па улиците беа речи си затворени а сообраќајот се пренасочуваше.

Обвинетите во Диво Насеље треба да ја добијат пресудата за инцидентот пред 2 години во Куманово кога загинаа 8 полициски службеници а повеќе од 30 беа повредени.