ВИДЕО: Хилари Клинтон го имитира Владимир Путин

Објаснувајќи ѝ на публиката во Конгресниот центар во Винипег како ја гледа разликата меѓу начинот на кој се избираат политичарите во САД и во „останатите земји“ (читај Русија, додава „Еј-Би-Си њуз“), Хилари Клинтон се пошегувала на сметка на Путин, така што го одглуми неговиот замислен дијалог со самиот себе додека е на функцијата премиер и одлучува да се кандидира за претседател.

„Замислете како си вели себе си:

– Владимире, мислиш ли дека би сакал повторно да бидеш претседател?

– Мислам дека би сакал, да.

– Па, зошто не одиш да го направиш тоа, а на Дмитри (Медведев, во тој момент претседател на Русија) кажи му дека може да биде… премиер.

Одлична идеја, одглумила Хилари додавајќи: „Но, ние имаме избори, да“.

Путин и Клинтон никогаш не го криеја меѓусебниот анимозитет, констатира „Еј-Би-Си њуз“. Путин во јуни на француска телевизија изјави дека Хилари Клинтон никогаш не била слатка во своите изјави, но дека е подобро човек да не се расправа со жена. Претходно таа за него рече дека се однесува како да се наоѓа во училиштен двор на основно училиште.