Свет

(ВИДЕО) Холандски ученици се справуваат со маж вооружен со ножеви

Ученици на холандскиот колеџ Скала во градот Алфен-ан-ден-Рајн физички се пресметала со маж вооружен со два големи ножа, пренесува во средата холандскиот весник Algemeen Dagblad.

Истовремено на YouTube е објавено видео снимено од еден од очевидците на инцидентот. Кадрите покажуваат како група средношколци бркаат од дворот на колежот маж кој во рацете држи предмети кои наликуваат на големи ножеви.

Во еден момент мажот застанува во борбен став, држејќи го оружјето, но не напаѓа никого. По неколкуте удари што ги добива тој бега од училишниот двор.

Според весникот Algemeen Dagblad, подоцна полицијата уапсила 44-годишен маж и ги конфискувала ножевите кој е притворен порди закана. Се наведува дека лицето имало ментални нарушувања.

Меѓутоа, локалните жители велат дека тинејџери кои живеат во соседството често ги задеваат и провоцираат со навреди луѓето кои минуваат покрај колеџот, како и дека мажот со ножевите можеби бил една од нивните „жртви“. Една 25-годишна жена која сакала да остане анонимна, рекла дека ги познава човекот кој живеел во станбена зграда за социјални случаи.

„Тој е мој пријател. Има проблеми со алкохолот, живее зад училиштето. Убедена сум дека го задевале, бидејќи тие секогаш ги избираат оние кои се послаби“, рекла.