ВИДЕО: Холивуд остана без една од најголемите актерски легенди

Актерот Мики Руни починал вчера во својот дом на 93-годишна возраст, соопштиле локалните власти, објавува новинската агенција „Асошиејтед прес“, пренесува Нетпрес.

Актерската кариера на Руни траеше цели осум декади, а прв пат тој на филм се појавил пред да наполни 10 години.

Холивудската легенда се женел осум пати, а прва сопруга му била популарната Ава Гарднер. Од осумте бракови има седум синови и четири ќерки.