Свет

(ВИДЕО) Хорор на Филипините: Браќа опседнати со лоши духови ја изеле мајка си

(ВИДЕО) Хорор на Филипините: Браќа опседнати со лоши духови ја изеле мајка си

Ужас на филипински остров, тројца браќа, опседнати со лоши духови, ја распарчиле мајка си со мачети и ја изеле.

Властите на филипинската покраина Магуинданао на островот Минданао соопштија дела вчера се приведени тројца браќа од селото Ампатуан кои, најверојатно под влијание на дрога, ја убиле и распарчиле својата 56-годишна мајка Акрима Амил и ги изеле нејзините внатрешни органи.

Монстуозното дело го извршиле во својот дом. Според соседите браќата најверојатно биле под влијание на дрога во моментите кога на својата мајка ѝ ги врзале рацете и нозете.

Потоа 35-годишниот Данте Амил и неговите помлади браќа 21-годишниот Парој и 18-годишниот Ибрахим ја исекле и ја расчеречиле со мачети. Внатрешните органи на својата мајка браќата ги изеле сирови, што го потврдила и здравствената служба на областа Барангај.

Момчињата потекнуваат од кланот Барангај Даскил од Ампатуан, кој во тамошниот фолклор се смета за „родно место“ на лошите духови и чудовишта слични на вампири или зомбија, кои јадат човечко месо и обично се сретнуваат во близина на гробишта. Затоа, истакнале тие за локалната полиција, за ова злодело, ги обвинуваат лошите духови кои ги опседнале момчињата, кои предходно биле кај селскиот шаман кој над нив вршел ритуали.