ВИДЕО: Хоророт на сириска криза, илјадници гладни во кампот Јармук

Вистински хорор преживуваат палестинските бегалци во кампот Јармук во јужниот дел на сириската престолнина Дамаск.

Речиси 20.000 бегалци секојдневно се борат со гладта, инфекциите и мизерните услови за живот. Додека во нив умира и последната надеж за подобар живот, тие мора да се грабаат за храната која им ја делат доброволците.  Речиси цела година бегалците се заробени во кампот, уништен од бунтовниците.  Репотерот на Би-Би-Си ја открива суровата вистина за тешкиот живот на палестинските бегалци, кои се во очајна ситуација, без доволно храна и лекови.

Низ солзи  бегалците молат за помош, да ги извадат од овој разурнат град кој се повеќе тоне во болка и беда. И онака малите оборци не се доволни за сите, многумина не ни можат да стигнат до нив.

Тие за Би-Би-Си велат дека ова не е камп, туку е затвор, но тие немаат друг дом, и покрај се мора да останат овде и да се надеваат на помош од хуманитарните организации.