ВИДЕО: Хотел на духови – никој не го посетил 60 години

Италија е позната по своите вкусни тестенини, пици, крајбрежја, мафија, католици, убавата внатрешност и дисфункционалната политика. Но е исто така дом и барем на еден ” хотел на духови “.

Поголемиот дел од луѓето и веројатно никогаш не слушнале за Grande Hotel San Calogero. Се работи за хотелски комплекс на Сицилија на кој што со децении се извршуваат градежни работи и притоа тој никогаш не примил ниту еден единствен гостин. А приказната за овој хотел ни пружа совршен увид во италијанската состојба на пазарот за недвижнини.

Италија има околу 670 делумно завршени, но никогаш пуштени во употреба градби. Сите тие како да тапкаат во место и да го чекаат своето подобро утре. Вкупната вредност на овие недвижнини е проценета на 2.8 милијарди долари, но и понатаму е неопходно да се инвестира во нив уште најмалку околу 1.5 милијарди долари, како би се завршиле градежните работи. Токму затоа голема е шансата дека тие ќе останат во состојбата во која што се наоѓаат во моментов.

Ако говориме за Grande Hotel San Calogero на Сицилија, не може да се каже дека многумина не се потрудиле за да го поместат од ‘мртвата точка’. Всушност, тој бил првобитно отворен пред 61 година.

hotel1

Иако два пати бил обновуван и доживеал четири големи отварања, овој хотел со 300 соби никогаш не угостил ниту еден гостин. Па со ова ниту најмалку не нè чуди што со текот на времето тој станувал сè повеќе запуштен.

На прв поглед, на овој хотел како да му бил суден токму успехот. Тој е сместен на врвот на карпестиот Монте Кронио, 400 метри висока планина која што претставува дом на древната базилика во која што се наоѓа светилиштето San Calogero, посветено на светец од 16-тиот век. Планината е инаку дел од природен парк, па оттука се протега поглед на километри природа, а кратката прошетка од хотелот води до познати термални бањи.

Првите градежни работи на хотелот започнале во 1954-тата година. После 30 години поминати во изградба, конечно сè било довршено во 1984-тата година, или барем така се мислело. Најголем проблем е тоа што немало провизии за менаџерските позиции, бидејќи проектот го финансирала Сицилија, па откако за прв пат хотелот бил прогласен за готов, преостанало да се чекаат и сервираат првите потенцијални гости.

После неколку ‘статични’ години, властите на Сицилија го преземале водството над оваа недвижнина, која што помалку започнала да пропаѓа, и после неколку години поправки повторно го отвориле хотелот во 1993-тата година.

Но, наскоро било откриено дека системот за одвод е лошо изведен, па било одложено примањето на првите гости.

Локалната корпорација која што била основана за да го води овој хотел, конечно од регионалната влада добила 874.000 долари и изградила луксузен систем за одвод, па во 1998-мата година хотелот (уште еднаш) бил отворен (овојпат уште повеличенствено), за исто толку брзо да биде затворен. Овојпат причините за затворањето останале и помалку нејасни.

Последниот обид за да се отвори овој хотел бил пред 15 години, кога водството над хотелот го преземала нова корпорација на инвеститори. Тие планирале хотелот да го спојат на комуналниот систем за одвод, но и тоа се чини дека не успеало.

Па како резултат од сето ова, и покрај сите инвестиции и потрошеното време, после 61 година, Grande Hotel San Calogero е и понатаму напуштен, а шансите дека некој ќе се впушти во нов обид за отварање се сè помали. Во меѓувреме, единствени гости на овој хотел се гулабите.