ВИДЕО: Храбро девојче продолжило да вози кога мајка и се онесвестила

На ова храбро девојче од Канзас можат да и позавидат голем број возрасни. Таа сосема смирено го зграбила воланот и продолжила да го вози автомобилот, кога нејзината мајка се онесвестила.

Мајката ја носела осумгодишната Аби на училиште. Во еден момент таа се онесвестила, а Аби веднаш го зграбила воланот и продолжила да го вози автомобилот.

Полицаецот Џими Хамилтон забележал како автомобилот вози по патот со брзина од 3 километри на час и помислил дека некој вози под дејство на алкохол.

Се обидел со автомобилот да дојде пред нив и да ги запре, но Аби ја сменила лентата за да не удри во него. Тогаш полицаецот и довикнал дека мора да удри во неговиот авомобил за да запре.

-Не ја видов да плаче, иако според изразот на лицето и тонот на гласот видов дека е преплашена, рекол Хамилтон.

Малата Аби од полицијата ќе добие признание за храбост во ситуации опасни по живот, а полицаецот Хамилтон ќе биде награден.