ВИДЕО: Хулиганите на СДСМ го офарбаа „Воинот на коњ“

Споменикот „Воин на коњ“ вечерва беше мета на хулиганите на СДСМ.

Тие целосно ја уништија со боја грандиозната фонтана на скопскиот плоштад, го офарбаа Воинот на коњ исправен на фонтаната, а боја истурија и на лавовите кои се составен дел.

Демонстрантите влегоа во фонтаната и истураа боја насекаде, а потоа запалија и светлечки факели.

Во продолжение погледнете го нивното дивеење од видеото на порталот А1ОН.