ВИДЕО: Хуман скопјанец им помага на бездомниците во Милано

Димитар Гоцевски делеше топли оброци на бездомниците во Скопје, а својата хумана мисија ја продолжи во Италија.

Неговата прва станица е Милано, каде на питачите им дели оброк од Мекдоналдс, ракавици за да се стоплат и чадор.

Нивната среќа, благодарност и насмевка го расветлуваат и најсивиот ден.

Погледнете ја хуманоста на дело.