(ВИДЕО и ФОТО) Амди Бајрам: Јас ги научив како се подмитува

Откако премиерот Зоран Заев дека парламентарната поддршка за неговата влада ќе биде „зајакнато“ со гласот на Амди Бајрам чиј Сојуз на Ромите повеќе од една деценија беша коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, социјалните мрежи се вжарија од реакциите.

Во телевизискиот настап Бајрам и самиот отворено и јавно призна со зборовите „… нека знае цела јавност, јас сум ги научил како да се подмитуе, како да ги добиваат Ромите“.

Повторно стана актуелна и фотографијата на која Амди го носи прстенот со лавот, партискиот симбол на ВМРО-ДПМНЕ. Освен коментарите дека Амди е „закоравен вмровец“ имаше и коментари дека „Амди лавот на прстенот ќе го смени со ружа“.