ВИДЕО и ФОТО од откривањето на лабораторијата за синтетички дроги во Тетово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска објави дека полицијата запленила над 125 килограми синтетичка дрога, или над половина милион таблети, вредни над 2,5 милиони евра, во лабараторија во семејна куќа во Тетово.

Как ошто претходно беше објавено, операцијата е спроведен во содејство на американската агенција за борба против наркотиците и српското министерство за внатрешни работи.

„Сакам да ве информирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Р.Србија и во координирани активности со ДЕА (Служба за борба против дрога на САД) спроведе меѓународно криминалистичко истражување со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со производство и продажба на дрога“, рече на прес-конференцијата во петокот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истакна дека крајната дестинација на запленетата дрога била Турција.

Спасовски прецизираше дека при акцијата спроведена на подарчјето на Тетово откриена е нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога и оти притоа уапсени се шест лица, државјани на Македонија и Србија. Додаде претресите биле извршени на две локации во Тетово и пет локации во Скопје.

„Она што во оваа фаза на активностите можам јавно да го споделам е дека се откриени досега најголеми количетва синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку првичните процени излезат точни, веројатно ќе биде и една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки“, рече Спасовски.

Како поткрепа на ова посочи дека во лабараторијата откриена во куќа во Тетово според првичните сознанија откриени се над 125 килограми синтетичка дрога или по некои првични процени станува збор за најмалку 500.000 таблети синтетичка дрога чијашто вредност ја надминува бројката од 2,5 милиони евра.

„Но бидејќи активностите се уште се во тек очекуваме дека бројките ќе бидат поголеми. Во секој случај Министерството за внатрешни работи наредниве денови, ќе ја информира јавноста со сите нови релевантни информации околу оваа акција, вклучително и околу кривичното процесуирање на инвилвираните лица“, заклучи Спасовски заблагодарувајќи им се на полициските службеници кои учествувале во оваа операција.