(Видео) И Македонците во Канада протестираа против Законот за јазиците

Македонците кои живеат и работат во Калгари, Канада, вчера организираа протест против начиното на донесувањето на Законот за употребата на јазиците во македонското Собрание. Тие го изразија својот револт и против преговорите за името, за кои побараа да прекинат.

 

-Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу Албанската заедница и остатокот на Македонското општество. Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските чковекови права за самоиднетификација и го презира дигнитето и достоинството на Македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето Уставно Име. ДА Живее Македонија- порачаа иселениците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.