(ВИДЕО) И Талер бараше мито исто како Заев – доби 2,5 години затвор

Лидерот на СДСМ на очиглед на целата јавност вчера беше фатен жив како бара пари за мито. На видео снимката која вчера попладне се појави на каналот Јутјуб недвосмислено се гледа и слуша дека Заев бара мито од цели 200.000 евра. Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Зоран Талер кој во Европскиот парламент беше и известувач за Македонија за ист ваков случај во кој прифати мито од 100.000 евра доби две години и шест месеци затвор.

Овој најнов коруптивен скандал во кој е вмешан Заев потсетува на скандалот кој изби во 2011 година, а во кој беше вмешан поранешниот словенечки министер за надворешни работи Зоран Талер, кој во Европскиот парламент беше и известувач за Македонија.

Талер падна во замка на весникот Сандеј Тајмс чии новинари се претставиле како лобисти кои за награда од 100 илјади евра побарале да влијае врз усвојување на закон во Европскиот парламент. Тој прифатил за 100.000 евра годишно да поднесе амандмани на законска регулатива, со кои би се олеснило финансиското работење на банките во Европа. Парите ги понудиле новинари, кои се претставиле како финансиски лобисти.

Според пишувањето на весникот, неколку новинари на тајна задача им се претставиле дека се луѓе од европска компанија, која лобира во интерес на неколку банки. Новинарите смислиле лажни имиња и лажна компанија и побарале од Талерда поднесат амандмани на законската измена. Талер и неговите колеги инволвирани во случајот поднеле амандмани, кои наскоро може да бидат преточени во закон од кој ќе се офајдат институциите за кои лобирале божемните лобисти-новинари.

Репортерите на весникот заедно со преправен руски клиент се сретнале со Талер на 2 февруари 2011 во хотелот „Конрад“ во Брисел. На вечерата направиле устен договор тој да биде нивниот консултант во парламентот, т.е. да ги застапува интересите на клиентот, да ја менува легислативата кога е потребно. Весникот пишува дека Талер побарал целата работа да се одвива тајно, а парите да бидат префрлени преку лондонска фирма, која добро соработува со него. Утредента репортерите му пратиле порака по имејл, а неколку дена подоцна, на 7 февруари, им одговорил: „Амандманот е пратен во процедура денеска. Сé најдобро, Зоран“. Тој бил поднесен онака како што репортерите го напишале.

Тие, пишуваше „Сандеј тајмс“, повторно се сретнале со него, а на таа средба му се заблагодариле, велејќи му дека тоа што го направил ќе биде многу корисно, а клиентот е среќен и презадоволен. Талер им посакал среќа.

Талер за 100.000 евра мито доби 2,5 години затвор

Талер  во јануари 2014 година беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна поради корупција додека бил пратеник во Европскиот парламент.

Словенечката полиција против Зоран Талер поднесла пријава, а тој кон крајот на 2013 година се договорил со обвинителството.

-Формално со тој договор ја признавам вината, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба.

kaj-viceto

Вчера јавноста го виде скандалозното видео на кое лидерот на СДСМ Зоран Заев е снимен како бара мито. Сумата на Заев и на Талер е идентична, 100.000 евра. Околностите се речиси исти, односно Заев е снимен како ги бара парите, за македонското Обвинителство исто така работи на кривичен предмет.  Ако европското законодавство по пат на спогодба доделува 2,5 години затвор за ова дело, се поставува прашањето како ќе постапи македонското.

Ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.