ВИДЕО: И Заев ќе го менува името на Македонија

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, не е единствениот политичар во Македонија кој сака да го менува името на земјава.

Дека Македонија треба да ги исполни желбите на соседна Грција и да си го смени името смета и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. Ова е став на првиот опозиционер уште од пред повеќе од четири години.

Тогашниот потпретседателот на СДСМ, и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, својот став и ставот на неговата партија во однос на името на Македонија го обелодени на трибина одржана во ноември, 2010 година.

Скандалот со продажба на државните интереси на Македонија беше обелоденет викендов, откако Нетпрес ги објави видеата постирани на каналот „YouTube“, на кои се гледа како Љубе Бошкоски договара продажба на името на државата.