(ВИДЕО) ИД изврши три самоубиствени напади во Кобане

Групацијата Исламска држава изврши денеска три самоубиствени напади во Кобане во период од неколку часа, откако претходно навлезе во сирискиот град, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, објави МИА.

Првиот напад е извршен од бомбаш-самоубиец во пет часот по локално време на граничниот премин Мурситпинар на границата со Турција, а другите два се извршени меѓу 12 и 13 часот во истата зона. Засега не е познат бројот на жртвите.

Во центарот на градот се водат борби меѓу џихадистите и курдските сили, кои побараа поддршка по ненадејниот напад изутрината на ИД. Групацијата од Кобане беше протерана во јануари. Џихадистите навлегоа во градот облечени во униформи на курдските милиции „Сили за заштита на народот“.

Сириската државна телевизија и курдските активисти тврдат дека екстремистите влегле во Кобане преку територијата на Турција, но Анкара ја демантираше оваа информација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.