Свет

ВИДЕО: ИД обезглави уште еден Американец

ВИДЕО: ИД обезглави уште еден Американец

Радикалната исламистичка групација Исламска држава соопшти дека го егзекутирала американскиот хуманитарен работник Питер Касиг, какопредупредување до САД.

На видеo снимката маскиран екстремист тврди дека го обезглавил  Касиг, стоејќи до отсечена глава.

Питер Касиг го прифатил исламот, додека бил во заробеништво, а неговото ново име е Абдул Рахман. Касиг бил фатен на 1 октомври 2013 година од страна на Исламската држава, додека патувал по патот кон градот Деир Езор во источниот дел на Сирија. Тој служел како војник  во Ирак во 2007 година, пред да стане хуманитарен работник. Во мај 2012 година тој заминал за Бејрут, каде работел доброволно во болниците. Потоа помагал и во палестинските бегалски кампови, каде ги нудел своите услуги на сириските бегалци,  за повредени во судирите во Сирија. Касиг создал и своја хуманитарна организација SERA (Специјално итна единица за одговор и помош), која е непрофитна група, наменета за обезбедување на помош на сириските бегалци.