Видео: ИД поразена во Тикрит, вратен крстот на црквата

Ирачките владини сили ги поразија борците на Исламската држава и го ослободија градот Тикрит, родното место на Садам Хусеин. Снимките од терен го прикажуваат славенето на ирачките борци но и на жителите на градот.

На снимките се гледа исто така како ирачките војници го држат во рацете заробеното знаме на Исламската држава.

На една од сликите кој се појави на Твитер се гледа и како ирачките војници повторно го стваваат симнатиот крст на црква. Лицето кое ја објавило ова фотографија на Твитер тврди дека станува збор за враќање на Крстот на цр.квата во тикрит кој ја срушиле исламистите.

Според други извори, најверојатно станува збор за црква која што се наоѓа во населено место во близина на градот Тикрит и кое било ослободено уште пред неколку дена.