ВИДЕО: Идеалната женска убавина низ историјата

Порталот БазФид објави видео на кое е прикажно што се сметало за „идеална женска убавина“ во период на последните 3000 години.

Така, во древниот Египет долгите плетнеки биле важен детал за женската убавина, а жените очните капаци ги шминкале со црна боја изработена на база на олово. „Идеалната Египќанка“ била витка, со висок струк и тесни раменици.

Во античка Грција, „идеалната жена“, барем според склуптурите, морала да биде „елегантно пополнета“, додека „иделаната древна Римјанка“ имала големи гради, широки колкови, блед тен и руса коса.

Во викторијанскиот период во Велика Британија, идеалната фигура на женското тело морала да наликува на песочен часовник. Таквото тело се постигнувало благодарение на корсетите за струк, кои биле вистински хит меѓу жените од тој период. Дополнителен симбол на женската убавина била и долгата коса.

Дваесеттите година на минатиот век донеле ново сфаќање за иделаниот изглед на жената, при што „облините“ не биле во мода, па жените ги стегале своите струкови и гради.

Ваквиот идеал се променил во времето на „златниот период“ на Холивуд во 50-те години на минатиот век, за што пример е изгледот на Мерилин Монро.

Во 60-те години повторно во мода се вракаат „твиги“ слабите девојки, додека во 80-те идеалната жена морала да има атлетска градба на телото.

Новото време ја наметна филозофијата „слаби, ама здрави“, но покрај тенкото тело на цена доаѓаат и големите гради и задници, па многу жени порди убавина се подложуваа на естетски зафати.