ВИДЕО: Идентификувани сите насилници од протестите пред Влада

Многу херои и патриоти својот живот го положиле во одбрана на македонското знаме и секој обид да се претстави како невина жртва лицето кое го симнува и кине знамето пред Владата на Р. Македонија е срамен чин на газење на сопствената гордост и историја, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР соопштуваат дека подеднакво срамен чин е и обидот вандалите кои со бекатон плочи и шипки повредија 38 полициски службеници да бидат претставени како студенти кои мирно демонстрирале.

– Уште посериозна е опасноста барањата за нивна амнестија да се сфатат како дополнителен поттик или мотив за нови неказнети насилства на претстојните протести. Заради елиминирање на сите изречени невистини, јавноста може и сама да се увери во кривичните дејствија на 18-те идентификувани против кои досега е процесуирана кривична пријава за „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“, се вели во соопштението на МВР.