ВИДЕО: ИКЕА со весела реклама за својот нов каталог

Има причина зошто предметите кои ќе ги видите во каталогот на ИКЕА ви изгледаат толку привлечни – тоа е така бидејќи шведскиот производител на мебел користи 3Д технологија за рендерирање за да креира дигитални модели на продуктите.

За пребарување на каталогот на ИКЕА компанијата создаде нова „умна“ апликација. Резултатот е навистина смешен.

-Каталогот на ИКЕА 2015 доаѓа целосно пополнет, а батеријата е вечна, вели Јирген Егхамер, познат како главен дизјанерски Гуру. Тој објаснува дека овој каталог не е дигитална книга или „е – бук“, туку „бук – бук“.

-Навигацијата е базирана врз основа на технологијата на допир, кој навистина може да се почувствува.

Видовме многу добри комерцијални пародии на ЕПЛ досега, но ИКЕА дефинитвно добива најмногу поени за ова нејзино „промо“.