ВИДЕО: Илјадници Турци се собраа за да му дадат поддршка на Ердоган

Неколку илјадници  граѓани излегоа синоќа на централниот плоштад Таксим во Истанбул за да го прослават спречувањето на војниот преврат, што ненадејно се случи  во петокот.

Луѓето излегоа на улиците со турски знамиња, а на прославата беа присутни голем број жени и деца.

Раша Тудеј објави видео на кое се гледа атмосферата од прославата во Истанбул.

Претходно голема група граѓани го поздравија Ердоган на собирот во Истанбул, на кој тој изјави дека инцидентите ги предизвикала помала група во војската, а не самата армија на Турција. Тој додаде дека од САД ќе побара екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, за кого турските власти тврдат дека стои зад обидот за пуч.