Магазин

(ВИДЕО) Илон Маск го испраќа спортискиот автомобил Tesla Roadster во Вселената

(ВИДЕО) Илон Маск го испраќа спортискиот автомобил Tesla Roadster во Вселената

Гримизнот спортски автомобил „Tesla Roadster“ од пионерската индустрија на електрични автомобили на Илон Маск е подготвен оваа седмица да замине онаму каде што досега ние заминало ниедно возило од неговата класа – во Вселената.

Поточно, во вторникот вечерта се очекува пробниот лет на новата „џамбо“ ракета од моделот „Falcon Heavy“ којашто ја изгради транспортната компанија „Space Exploration Technologies“, а којашто ја основаше, исто како и компанијата „Tesla Motors“, екстремно богатиот претприемач и иноватор Илон Маск.

Доколку биде успешно ова лансирање, ракетата „Falcon Heavy“ ќе стане најмоќната ракета којашто постои и најмоќното вселенско летало коешто ќе полета од САД откако американската агенција за вселенски истражувања NASA со ракетите „Saturn 5“ последниот пат ги поведе астронаутите на Месечината пред 45 години.

Успехот на ова лансирање веројатно на калифорниската компанија „SpaceX“, исто така основната од Илон Маск, ќе ѝ осигури предност на конкурентите кои се тркаат за големите договори со NASA, американски воени и сателитски компании, па дури и плаќаат вселенски туристи.

Ракетата „Falcon Heavy“, придвижувана од 27 мотори од 2.200 тони кои ѝ го даваат потисокот, е всушност изградена од три ракети од моделот „Falcon 9“, една во средината а две од страните, како заслувачи. Овие две странични ракети би требало по лансирањето да се спуштат со падобрани на Кејп Канаверал, додека централната ракета по летот би требало да се спушти на платформа во Атлантикот.

Двете бочни ракети, кои ќе слетаат на Кејп Канаверал за повторна употреба, според интернет порталот Verge, претходно се искористени, и тоа едната во мај 2016 година при лансирањето на сателитот Thaicom, а втората при транспортот на товар до Меѓународната вселенска станица (ISS) во август 2016 година.

Вселенското летало веќе е поставено на лансирната платформа во Вселенскиот центар Кенеди во Кејп Панаверал на Флорида, која ја користеше „Saturn 5“ носејќи го тричлениот екипаж на мисијата „Apollo 11“ на историското патување во 1969 година, којашто кулминираше со првите чекори на Нил Армстронг и Баз Олдрин на површината на Месечината.

Товарот на врвот од „Falcon Heavy“ ќе биде автомобилот „Тesla Roadster“, кој доколку лансирањето биде успешно ќе биде првиот автомобил испратен во орбитата на Сонцето.

„Ја сакам помислата за автомобилот кој бесконечно вози низ Вселената. Можеби ќе го открие вонземска раса во иднината“, порача на Twitter Илон Маск.

Ракетата „Falcon Heavy“ е дизјанрана за превоз на значително поголема тежина од овој автомобил, а од „SpaceX“ се фалат со својата способност дека може да испратат во орбитата на Земјата товар од околу 70 тони, со трошок од 90 милиони долари по лансирање. Тоа е двојно поголем капацитет од оној што го овозможува постојната американска вселенска флота, сочинета од „Delta 4 Heavy United Launch Allianca“ (ULA), задничкиот потвфат на воздухопловните гиганти „Lockheed Martin“ и „Boeing“, и тоа само за четвртина од досегашните трошоци.

„Кога ракетата носач ‘Falcon Heavy’ ќе стартува, таа ќе биде двапати помоќна од ракетата којашто е сега во употреба“, порачува Илон Маск, велејќи дека ракетата е способна да понесе „речиси 64 тони товар, што е повеќе од масата на целосно танкиран авионт ‘Boeing 737’ сосе патници и членови на екипажот, и двојно повеќе од својот најблизок конкурент ‘Delta 4’ и трипати поевтино од досегашните трошоци“, тврди Маск на Twitter.

Доколку лансирањето биде успешно, ракетата носач ќе биде искористена за поставување во орбитата на комуникацискиот сателит „Arbsat“ за Саудиска Арабија, и во јуни за товар од интерес за воздухопловните сили на САД и специјалниот истражувачки вселенски брод „LightSail“ за Американскот планетарно здружение, кој ќе биде опремен и со ткн „сончево едро“.

Новата ракета на компанијата „SpaceX“ треба да ѝ овозможи влегување на две клучни сцени коишто бараат поголеми капацитети од оние коишто во моментов ги овозможува ракетата „Falcon 9“, а тоа се геостационарните орбитални мсии за испорака на сателити кои кружат по Земјаниот екваторум со исто темпо како што Земјата ротира, како и за во ист ритам на ротацијата на планетите и за истражувања надвор од Земјата.