четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 79

ВИДЕО: Има ли живот во вселената? НАСА открила изненадувачки докази за активност на Јупировата месечина

Пред три дена НАСА објавила како вселенскиот телескоп „Хабл“ уловил „изненадувачки докази за активност“ на јупитеровата месечина „Еуропа“ и дека сите детали ќе ги објави на прес конференција во понеделник.

133356174

Поврзани вести

Многумина се надеваа дека НАСА ќе открие дека принајден е некаков облик на вонземски живот, но агенцијата одличи да ги прекине сите шпекулации.

На Твитер објавија дека во понеделник ќе објават нови информации за Еуропа, но дека не се поврзани со вонземјани.

Месечината Еуропа под својата ледена кора има океан кој е двојно поголем од оној на Земјата, вели Дејли мејл. Многу експерти се уверени дека во него можно е да има живот. Сепак откритието кое го најави НАСА веројатно се однесува на „гејзери“ од водена пареа кои „Хабл“ го забележал високо над Еуропа уште во 2012 година кои сеуште не се обелоденети во јавноста.

Кога би се докажало дека овие гејзери се поврзани со океанот под ледената кора, тоа би ја олеснила потрагата за потенцијал на живот. Наместо да се дупчи ледената кора, научниците би можеле едноставно да го анализираат хемискиот состав на гејзерите.

Некои сметаат дека Еуропа е одлично место за барање на докази за посетоењето на вонземјани.

Претпоставка е дека Еуропа има два до три пати повеќе вода него сите океани на земјата. Експертите веруваат дека тој океан кој го крие ова небесно тело е солен и дека се загрева од силни плимни сили кои се генерираат со Јупитеровата гравитација, но тоа не е доволно за да се одмрзне.

Некои научници сметаат дека токму овој сателит е најподобно место за истражување и барање на докази дека постои живот надвор од планетата Земја

Најчитани вести