ВИДЕО: Интензивно се работи на автопатот Миладиновци – Штип

Пробиени се 80 проценти од трасата, на автопатот Миладиновци –Штип. Во моментов на новата делница во источна Македонија работат 500 лица. Во наредниот период се очекува драстично да се зголеми и бројот на механизација која ќе работи на терен.  се работи за нов автопат во Источна Македонија со вкупна должина од 47 километри.

На оваа тема во вестите на Канал 5 говореше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

– Задоволен сум како се одвиваат градежните работи, бидејќи имавме доста проблеми со временските услови, имаше доста врнежи од дожд и доста снег и поради тоа бевме потиснати со динамичкиот план. Но, моментално работите се довиваат одлично, истакна  министерот Владо Мисајловски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.