ВИДЕО: Интересна идеја за фарбање на велигденските јајца

За да ги офарбате јајцата како галаксија потребно ви се темперни бои во црна, сина, виолетова, кафеава и бела боја, четка за бојадисување и мал сунѓер.

Како да ги бојадисате?

Варените јајца бојадисајте ги со црна темперна боја и оставете ги да се исушат.  Потоа на јајцата додадете малку сина боја, но немојте да користете четка, истапкајте со мал сунѓер.

Откако сината боја ќе се исуши, додадете малку виолетова исто така со помош на сунѓер, а потоа и кафена. Откако и таа ќе се исуши, земете бела боја измешајте ја малку со вода а потоа се четка за фарбање или со четка за заби, испрскајте малку бела боја.