Видео: Инзаги пред отказ

Синоќа беше комплетирано 27.коло од италијанската Серие А, а најголемата победа ја оствари Сампдорија која како гостин со 2:0 ја совлада Рома.

Избраниците на Синиша Михајловиќ ја шокираа Рома и со оваа победа ја повлекоа чекор назад во трката за скудетото со Јувентус. Со новите три бода Сампдорија собра 45 и сега има пет помалку од второпласираната Рома и четири од третопласираниот Лацио.

Рома беше подобар противник во првиот дел, целосно доминираше на теренот, но не ги искористи шансите. Слична слика имаше и во вториот дел, но сепак по еден час игра Де Силвестри ја искористи лошата реакција на дефанзивците на Рома и постигна гол за 1:0 во корист на гостите.

Домашниот тим се обиде да одговори, но безуспешно, а победникот го реши Муриел со својот гол во 79-тата минута.

Овој натпревар Рома го заврши со играч помалку бидејќи Кеита заработи втор жолт картон и исклучување поради вербална расправија со судијата.

Тренерот на Милан Филипо Инзаги се наоѓа пред отказ откако доживеа пораз од Фиорентина со 2:1. „Росонерите“ водеа со 1:0 со голот на Дестро во 56-тата минута, но сепак натпреварот го загубиja откако примиja два гола во последните десет минути.

Родригес во 83-тата израмни на 1:1, а Хоакин во 89-тата погоди за целосен пресврт ти три бода за Фиорентина.

Тимот од Фиренца има 45 бодови се наоѓа на петото место, додека Милан е на десетото место со 35 бодови.

Рома – Сампдорија 0:2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.