ВИДЕО: Иранци кои играа на „Хепи“ осудени на затвор и камшици

Тројца Иранци и три Иранки се уапсени и против нив е покренато обвинение откако снимиле своја верзија на песната „Хепи“ и ја закачиле на ЈуТјуб.

Додека целиот свет уживаше во снимањето на сопствената верзија на хитот на Фарел Вилијамс, за групата млади од Иран учеството во глобалниот тренд не се покажало како најсреќна опција.

Тие се осудени на шест месеци затвор, додека еден од момците бил осуден на затворска казна во времетраење од една година. Кон казната се додадени и 91 удар со камшик. Исто така тие не смеат да ја напуштат државата во период од три години.

За време на судењето момчињата и девојките биле понижувани и морале јавно да се извинат и да „признаат“ дека снимката била направена во „забуна“.

Наводно нешто подоцна момчињата и девојките се пуштени на слобода, а во затвор останал само режисерот на видеото, кој ја преземал целата вина врз себе.

Нивната видео снимка сеуште ја има на ЈуТјуб и има повеќе од 100 илјади прегледи.