ВИДЕО: ИСИЛ ќе го нападне Багдад преку тунели кои ги изградила ЈНА?

Членовите на ИСИЛ ќе го нападнат Бгадад преку тунели кои биле изградени од поранешна ЈНА во време на владеењето на Садам Хусеин.

Овие тунели се протегаат од провинцијата Амбар, упориште на оваа терористичка група, па се до Багдад.
Садам Хусеин побарал да му се изгради целосен систем од подземни објекти. Во 1976-та започнале подготовките, снимање на терените и изградба на проектот. За Југословенските експерти ова не претставувало проблем бидејќи Садам Хусеин очигледно бил фасциниран со подземните и надземните објекти на ЈНА, па во пустините на Ирак побарал да му го изградат истото.

Година дена оптпосле веќе се работело со полна пареа врз проектот 77.

Проектот 77 го опфаќа главното стратешко командно место сместено во Багдад, додека помошните команди се сместени во Тикрит, Фалуја, Киркук и Басра. Вредноста на проектот 77 изнесувала околу 180 милиони долари. Треба да се напомене дека Садам Хусеин се согласил да плати и 50% повисока цена од пазарната барајќи целосна дискреција од југословенска страна.

Најголемиот проблем на Ирачката Влада е што не знае каде е почетокот и каде е крајот на тунелот за кого знаеле само најблиските соработници на Садам, а кои денес се на страната на ИСИЛ. До податоците од поранешна ЈНА денес е невозможно да се дојде. Поради тоа Ирачката Влада уништила добар дел од земјоделското земјиште во надеж дека ќе најде начин на влез и излез од тунелот.

Преку овие тунели се транспортира оружје, опрема и персонал. Ирачката страна тврди дека во Багдад преку овие тунели се пренесени повеќе од илјада борци, припадници на ИСИЛ кои сега за сега се т.н. “спијачи”, но се подготвени за акција во секој момент.