Свет

Видео: ИСИС му ја разнесе главата на заложник

Видео: ИСИС му ја разнесе главата на заложник

ИСИС објави нов видео запис од убиство на заложник со огнено оружје од непосредна близина.

Како и досега убиецот е облечен во црно од глава до нозе и му се гледаат само очите, додека за заложникот за кого се верува дека е припадник на сириска војска, на себе носи портокалова униформа како и сите досега егзекутирани заложници.

На почеток на снимката се гледа како војникот чита соопштение, а потоа му ги врзуваат рацете зад грб и го носат до местото на убиството, додека цело време се слуша исламска музика.

Откако е принуден да клекне убиецот кој стои зад жртвата со заканувачки глас изговара зборови на арапски јазик, по што убиецот фаќа пушка која некој му ја дофрла.

Неколку секунди подоцна тој пука во главата на жртвата од непосредна близина, нанесувајќи му тешки повреди.

Филмот неколку пати се враќа назад и се прикажува моментот кога куршумот ја разнесе главата на жртвата, а завршува со сцена на која убиениот лежи во локва крв.