ВИДЕО: ИСИС погуби четири сунитски Ирачани

Исламската држава (ИСИС) денеска објави нова видео снимка на која се гледа погубувањето на четири припадници на едно сунитско племе од поширокото подрачје на градот Тикрит, кои се убиени поради наводната соработка со ирачката влада.

ИСИС новата видео снимка ја објави во истиот ден кога околу 30.000 припадници на ирачките сили започнаа голема офанзива на Тикрит, родниот град на Садам Хусеин, кој џихадистите го држат под контрола речиси девет месеци, пренесува Канал5.
Во видео снимката се наведува дека егзекутираните Ирачани му припаѓаат на едно племе северно од градот Тикрит.На почетокот на снимката се виори транспарент на кој пишува „Елиминација на ќелијата на Сахват ал Алам“, за потоа маскираните џихадисти да испукаат по еден куршум во тилот на четирите жртви.

Според изворите на ирачката армија, припадниците на таа сунитска група, заедно со ирачката војска, полиција и шиитските доброволци се вклучени во денешната офанзива на Тикрит.