недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 34

ВИДЕО: ИСИС предупреди: Брисел е зрно за она што следува!

брисел

Последни вести

Џихадистите на Исламска држава објавија нова видео снимка, на која се гледа ликвидирање на наводен „шпион“. Со ова видео џихадистите го слават минатонеделниот напад во Брисел.

Вознемирувачкото видео го прикажува белгискиот терорист Абу Ханиф ал Каљки, познат како „Hicham Chaib“, како застрелува маж а со тоа ги слави нападите во кои смрттно настрадаа 31 лице.

Еден џихадист нагласува како неодамнешниот масакар бил само предупредување, а друг говори дека борбата ќе започне во куќи, улици, училишта и јавни места.

Лидерот на радикалната група “Sharia4Belgium” открива за Европа и Западот за бомбардирањата во Сирија и тврди: „Ќе ги убиеме вашите луѓе“.

Исто така изјавува дека Брисел е само „зрно за тоа што следува“.

На крајот од видеото му пука во глава на наводниот „шпион“ кој носи портокалово одело.

Најчитани вести