Видео: Исламисти го плукаат споменикот на Скендербег

Радикални исламисти му удираат шлаканици и го плукаат споменикот на Скендербег во Качаник, пренесува РТС.

Според медиумите, авторите на ова видео, кое на Јутјуб е поставено со знакот на Исламска држава на Ирак и Сирија, се активисти на локалната исламска организација предводена од Лавдрим Музафери, кој неодамна беше уапсен за тероризам. По објавувањето на снимката, полицијата ги уапсила Арбен Бериша и Ветон Вербанија.