(Видео) Исланд, елдорадо за копачите на биткоини

Во срцето на исландските полиња од лава расте една од најголемите фабрики за биткоин во светот каде се произведува виртуелното злато, но нејзината локација од безбедносни причини е тајна.

Благодарение на подземемјето полно со топла вода, која овозможува создавање на изобилство од електрична енергија и по прифатлива цена, Исланд се претвори во рај за „рударите“ на криптовалутите како биткоинот.

За разлика од еврата или доларите кои ги емитираат централните банки, биткоинот се создава во информатичките „рудници“ или „фарми“, како што се нарекуваат групи на компјутери кои ја создаваат криптовалутата, а потоа ја продаваат на берзата на интернет.

Една таква „фарма“ се наоѓа во исландската вулканска пустина. Хангарот од бел лим крие моќни компјутери, а покрај него има уште четири згради. Наскоро ќе бидат додадени уште две нови складишта. Фармата е сопственост на компанијата „Genesis Mining“, а се нарекува „Енигма“ според машина за дешифрирање на пораки од Втората светска војна.

Во внатрешноста на хангарот има десетици илјади компјутерски системи за производство на биткоин, наречени „mining rig“ . Сместени се вво простор од 400 квадратни метри и произведуваат заглушувачка бучава, слична на таа што ја произведува „џамбо џет“ авион пред полетувањето. Еден „mining rig“ се состои од матична плоча, компјутерска меморија, хард диск, процесор и шест графички картички. Неговата функција е да управува со сложени алгоритми за да може да снимаат континуирани трансакции, автентични и нумерирани.
Оваа технологија, наречена „blockchain“ обично се споредува со дигиталната сметководствена книга, само што би требало да биде науништлива и невозможна за фалсификување. На секои десет минути во овие фарми се создаваат 12.5 биткоини.

– Секој може да ги произведе во сопствениот дом, без никакви законски бариери и технички ограничувања- објаснува Филип Салтер, претставник на „Genesis Mining“ во Исланд. Солтер е млад германски инженер на возраст од 25 години.

https://youtu.be/qDNt9epVIRM

Машините работат 24 часа на ден, седум дена во неделата. Од околу 17 милиони биткоини кои се во оптек во целиот свет, делот направен во Исланд сé уште е скромен. Но, тој остров во северниот дел на Атлантскиот Океан се надева дека ќе го зголеми својот удел и профит откако кинеските власти започнаа војна против виртуелната валута.

Островот нуди уникатни услови во светот за производство на криптовалути поради неговата геотермална енергија, многу евтина и 100 отсто обновлива.

Според податоците на Еуростат за 2016 година, просечната цена по киловат-час без даноци во Исланд изнесува 0,06 евра и е речиси двојно поевтина од таа во Европската унија.
Освен тоа, просечната годишна температура на островот е околу пет степени Целзиусови, која е идеална за избегнување на прегревање.

Батеријата со вентилатори го вовлекува поларниот ветер па го филтрира и го меша со топлината произведена од компјутерите. Оваа топлина достигнува 80 степени целзиусови, но благодарение на филтрираниот ладен ветер температурата во областа каде што се „копа“ паѓа на ниво од пет до 25 степени.

„Genesis Mining“ е основана на крајот на 2013 година, а претходно се наоѓала во Босна и Херцеговина, додека нејзините главни конкуренти биле во Кина или во САД. И други компании со информатички „фарми“ сега размислуваат да се преселат во Исланд по примерот на Битие.

– Побарувачката значително се зголеми, особено во последните три месеци- вели Јохан Снори Сигуберсон од исландската енергетска компанија „ХС Орка“.

Интересот за пристигнувања во Исланд е зголемен и покрај осцилациите на биткоинот, чија вредност во декември беше блиску до нивото од 20.000, а во февруари падна на 6.000 долари.

– Цената на биткоинот не е баш добар показател за успехот на рударството, истакнува Салтер, кој се плаши од конкуренцијата во овој, во моментнов атрактивен сектор.

Според проценките на „ХС Орка“, трите најголеми компании сопственици на центри за податоци и „фарми“ на криптовалути во 2018 година би требало да потрошат повеќе енергија од сите 350.000 жители на Исланд.
Затоа побарувачката за електрична енергија може да ја надмине понудата.

Меѓутоа, исландските „фарми“ станаа жртви на нивниот успех, па добро организирани криминални групи од декември до јануари извршиле 600 напади поради плен од околу 1,6 милиони евра.