ВИДЕО: Избришете ги засекогаш старечките пеги со само две состојки

Иако пегите не се опасни, некои луѓе едноставно неможат да ги смислат, па така овој препарат е идеален за нив.

Доктор Даг Вилен има мошне едноставен рецепт за отстранување на старечки пеги што може да ги испроба секој.

Тој го препорачува препаратот од половина филџан јаболков оцет и кромид. Потребно е кромидот само да го исечете и да го претворите во сок во блендер, па да го промешате со јаболков оцет.

Добиениот препарат се нанесува со памук на старечките пеги, а треба да се чува во ладилник најмногу два до три дена.

Процесот на нанесување на препаратот потребно е да се повторува секој ден во период од еден месец.