ВИДЕО: Изгоре битолскиот Монмартр

Во голем пожар што рано утрово ги зафати просториите на битолскиот Монмарт во старата чаршија изгоре приземјето од објектот.

Огнот ги уништи уметничките дела творени за „Мал битолски монмартр“.

Пожарот се прошири и на првиот спрат, но не е предизвикана голема материјална штета, објави битолската Тера ТВ.
Пожарникарите спречиле пожарот да ги уништи останатите два ката од објектот.