(ВИДЕО) Изгоре познатиот ролеркостер во Лос Анѓелес

„Колос“ еден од најпознатите ролеркостери и заштитен знак на забавниот парк „Сикс флаг“ во Лос Анѓелес, изгоре само неколку недели откако е затворено.

Пожарот ја зафати целата механизација и потполно го уништи ролеркостерот. Огнената стихија ја зафатила и челичната конструкција, а пожарникарите не успеале да ја спречат штетата.

Колос беше затворен во август за забавниот парк да се реновира и да се претвори во модерна верзија која би се нарекла „Превртен Колос“.

Оваа справа беше во центарот на внимание на бројни телевизиски шоуа и серии.