ВИДЕО: Излегоа од автобус и ги проголта земјата

Mаж и жена од Јужна Кореја буквално пропаднаа во земја откако излегоа од автобусот со кој се превезуваа.

Безбедносната камера поставена на станицата го снимила моментот кога пешачката патека пропаѓа под нивните нозе, а двајцата пешаци исчезнуваат во длабоката дупка.

Двајцата пешаци за среќа поминале со помали повреди, а локалните власти покренаа истрага околу случката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.