Магазин

ВИДЕО: Извинете, јас ќе се онесвестам!

ВИДЕО: Извинете, јас ќе се онесвестам!

Водителката која води временска прогноза, Рејчел Меклеј е онесвести за време на програмата емитувана во живо, но пред тоа успеа да им се извини на колегит во студиото.

Рејчел (33) работи во телевизијата БиБиСи за југоисточна Англија, како водителка на временска прогноза, но во саботата потполно остана без здив. Среде програмата во живо, таа упати извинување кон колегите, а потоа се онесвести.

-Навистина ми е жал, јас ќе се онесвестам, рекла таа.

Подоцна на официјалниот профил на оваа медиумска куќа бил објавен статус дека Рејчел е добро и дека е повторно на нозе.