ВИДЕО: Извлечени телата на тројца загинати рудари во Зеница

На 800 метри под површината на земјата, во рудникот за јаглен Распоточје во Зеница, денеска се спуштија првите новинарски екипи. Заедно со екипите кои работат на расчистување на теренот и извлекување на телата на петтемина загинати рудари, новинарите можеа да ги снимат последиците од катастрофата што ја предизвика горскиот удар.

Oд рудникот извлечени се телата на тројца од петте рудари кои загинаа од земјотресот кој предизвика одрон во рудникот. Спасениот Аднан Шишиќ зборува за стравот кој го преживеал.

-Секоја коска ме боли, имам стресови… Катастрофа…Хајро почина пред мои очи. Заедно почнавме да работиме. Желба на Господ беше да стигне воздух до нас… За жал, Хајрудин не издржа. Во таа дупка веќе не влегувам. Едноставно, не смеам. Нема ниту техника, ни опрема која би ми помогнала во вакви ситауции. Ништо не ти помага во тие длабочини- вели Шишиќ.

Потрагата по телата на уште двајца рудари продолжува и во текот на ноќта. Од рудникот беа спасени 29 рудари кои беа 800 метри под земја повеќе од 20 часа.

Видеото од несреќата преземено од босанските телевиизии може да се погледне   ТУКА