ВИДЕО: Ја прелажал смртта шест пати и добил милион евра на лото!

За Хрватот Фране Селак може да се каже дека е најголемиот баксуз или најголемиот среќник на светот.

Тој шест пати ја прелажал смртта, а на крајот добил на лото.

Неверојатниот животен пат на Селак започнува од 1962 година, кога возејќи се во возот на релација Дубровник – Сараево, возот излетал од шините и завршил во ледена река. Додека многу патници се удавиле или го загубиле животот од падот на возот, Селак со скршено рамо допливал до брегот и се спасил.

Ова е почеток на сите случувања во животот на Фране Селак во наредните 40 години. Следното поглавје започнува една година подоцна, кога авионот за Риека, со кој летал и тој, останал без погони на двата мотори.

Притисокот во кабината опаднал, а вратата на авионот паднала. Селак излетал од авионот без падобран. Додека авионот со 19 патници кои останале внатре, се срушил во планина и изгорел, тој безбедно слетал – паѓајќи на пласт сено.

Поминал само со мали повреди. Две години подоцна, Фране Селак патувал со автобус. Ледениот пат предизвикал возачот да изгуби контрола над возилото, по што ја пробил заштитната ограда и завршил во долина. Четворица патници загинале, а тој преживеал. По црните искуства со јавниот превоз, Фране Селак започнал да патува со неговиот автомобил. Меѓутоа, ниту автомобилот не го спречил баксузот кој го следел.

Во 1970 – та година, се запалил и автомобилот. Тој побегнал од возилото додека било во движење и се спасил. Три години подоцна, нов автомобил – стар малер. Овој пат, пожарот во автомобилот ја зафатил командната табла. Селак се извлекол од огнената стихија со мали опекотини. Автобус го удрил во 1995 – та година, а една година подоцна неговиот автомобил излетал од патот и завршил во кањон длабок 300 метри.

Но, тој не бил во него. Успеал да излезе преку прозор пред падот на автомобилот и завршил закачен на дрво. Ова била последната средба на Селак со смртта. На 72 години за прв пат одлучил да уплати лото. Претпоставувате ли што се случило? Фране Селак доби 1 милион евра.

Инаку Фране е 85 – годишен наставник по музика во пензијаи живее во малиот хрватски град Петрињ.