Доколку некогаш помислите дека е романтично веречничкиот прстен да го ставите во сендвичот со пилешко на вашата девојка, откажете се од таа идеја уште на самиот почеток.
Џозеф од Лос Анџелес се обиде да ја запроси девојката токму на овој начин, а тоа го чинеше доста непријатна ситуација која беше забележена и од скриената камера во автомобилот.
На неговата девојка и беа потребни неколку минути за да се соземе и да состави реченица, а кога конечно се ослободила од шокот, сосема очекувано го одбила.
-Никогаш не сум се снаоѓал со планирањето однапред, па тоа е причината зошто нашиот прв состанок беше во Мекдоналдс. Неколку месеци подоцна се шегуваше дека еднаш ќе ја запросам со прстен во сендвич, па затоа сметав дека тоа ќе и се допадне, признал Џозеф.
Непријатната ситуација не ја разнишала нивната врска, па тој ќе има доста време да смисли некое покреативно запросување.