(ВИДЕО) Јанкуловска: Иванов даде поддршка за се што е во корист на граѓаните

На денешниот митинг во Свети Николе на кој ВМРО-ДПМНЕ го презентираше својот претседателски кандидат, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска истакна дека во него уште пред пет години тие, како партија, препознаа лидер и човек кој може да ја води државата.

Претседателот Иванов, како што изјави Јанкулоска, секогаш ја почитувал македонската богата култура, историја, наука, го почитиувал и секој човек, секој граѓанин и несебично го споделувал неговот знаење со студентите и граѓаните. Таа додаде дека Иванов дал поддршка кога се зголемувале пензиите, платите, кога за најранливите категории се утврдила минимална плата, субвенциите, материјалното обезбедување на стечајците и други ранливи групи.

Министерката потесети и дека најголемите капитални проекти како што е автопатот Миладиновци- Штип, поминува токму низ Свети Николе, а претседателот дал несебична подршка за остварување на истиот и лично одел таму каде што требало да се претставуваат интереси на дражавата и да се обезбедат средства за изградба. Но и дека дал поддршка за изградба на спортски сали, инфраструктура дисперзирани студии, се што е во корист на граѓаните на Македонија и Свети Николе.

„Денес после пет  години претседателот Иванов е овде пред сите нас, уште еднаш ја бараме заедно довербата затоа што во овие 5 години ни докажа дека не е само добар човек, дека не е само добар професор, туку е и одличен преседател кој секогаш беше таму каде што трба да се бранат интересите на Репбулика Македнија“, додаде  таа.

Меѓу другото, министерката Јанкулоска, потенцираше дека никогаш не ги заборавал граѓаните и дека е првиот претседател кој својата канцеларија ја пренел на терен и правел се што е во негова можност да ги брани интересите на Македонија и граѓаните.

„За прв пат на избори понуди програма која ја реализираше и за неа даде отчет. И денес е повторно со нас, повторно со програма, амбициозна, програма која обврзува програма која сме убедени дека ќе ја реализира до поседниот збор и дека секогаш ќе ги има на преден план националните и државните интереси на Република Македонија затоа што за него државата е пред се“, додаде Јанкулоска.

Таа во говорот ги спореди свајцата кандидати, професри, кои се избор на двате најголеми политички партии во Македонија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

„Повеќето не го познаваат, но се сеќаваат бледо како низ магла на некои негови постапки и слушаат дека противкандидатот за претседател на Репбулика Македонија, Стево Пендаровски, излегува пред граѓаните пред оние малкумина што излегле да видат дали има нешто да каже и зборува, замислете, за владеење на правото, изјави Јакулоска и додаде дека најчестите зборви во неговиот говор се еднаквост, слобода, правда. Таа истакна дека Стево Пендароски е човекот кој ги легиримираше криминалните избори кога Бранко Црвенкоски ја узурпираше позицијата претседател, дека тој заедно со неговиот ментор Црвенкоски ја направи катастрофалната територијална организација. Но, народот е мудар! Народот точно знае кој што направил и точно може да процени“, истакна министерката.

Таа потсети за времето кога Пендаровски му беше советник на Бранко Црвенковски.

„Тој му беше советник токму на Бранко Црвенкоски, на истиот бранко кој стави вето на законот со кој требаше да се обештетат стечајците. Тој учествуваше во креирањето на политиката со која илјадници семејства остаа без егситенција. Тој ги даваше советите и тој беше рамо до рамо до сите оние од кои денес се обидува да се дистанцира“, додаде таа.

На крајот од својот говор, министерката Јанкулоска ги повика граѓаните да излезат во најмасовен број и уште во првиот круг да се покаже дека народот е на вистинската страна, дека е на страната на преседателот Ѓорге Иванов.