ВИДЕО: Јапонски воз „летал“ со 603 километри на час

Јапонскиот воз на магнетна левитација постигна нова „граница“ во брзо возење од 603 километри на час.

Минатата недела компанијата „Сентрал Џапан Релвај“ соопшти дека возот на тест возење во четвртокот достигнал брзина од 590 километри на час, што беше за девет километри побрзо од дотогашниот рекорд стар 12 години.

Но, денес компанијата се огласи повторно, соопштувајќи дека возот уште еднаш го соборил рекордот за брзо возење, достигнувајќи брзина од 603 километри на час.

Според плановите, оовј воз ќе сообраќа на релација Токио – Нагоја и треба да биде пуштен во промет во 2027 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.