ВИДЕО: Јужноамериканец пее песна од Тоше

Музичкиот хит „Игри без граници“ на Тоше Проески му се допаднал на корисникот на Јутјуб, Јаред Родригез дел Кампо, па тој ја препеал и видеото го објавил на Интернет.

Во описот на видеото напишал: „Вежбам хрватски, но ми беше тешко да го скријам мојот шпански изговор. Одлучив дека нема да се бричам додека не ја завршам песната“.

Неговата изведба привлекла многу внимание бидејќи напишал дека „вежба хрватски“, па таа навреда сериозно ја сфатиле некои корисници од соседните земји.

„Жал ми е што предизвикав тензии кога напишав дека вежбам хрватски, вежбав како се изговараат зборовите на Интернет, а всушност се работи за комбинација од хрватско-српски“, напишал Јаред.