ВИДЕО: Каде ќе живее Обама откако ќе ја напушти Белата Куќа

Претседателот на САД Барак Обама рече дека тој и неговото семсјтво ќе останат да живеат во Вашингтон по напуштањето на Белата Куќа во јануари. Причината за ова е неговата најмлада ќерка Саша која таму треба да го заврши училиштето.

Како што пишува „Менжн Глобал“, Обама и Мишел ќе живеат во куќа од околу 2.500 метри квадратни во населбата Калорама.

Куќата во моментов е во сопственост на Џо Локхарт, основачот на „Гловер Парк Груп“ и на неговата сопруга Џована Греј Локхарт, уредничката на „Гламур“.

Куќата има 9 спални соби, а истата е изградена во 1928-мата година и последен пат била продадена по цена од 5, 3 милиони долари во мај 2014-тата. Се проценува дека сега куќата вреди околу 6, 3 милиони долари.