ВИДЕО: Кајли Миног има нова песна

Поп ѕвездата од Австралија Кајли Миног штотуку ја објави новата песна, која ќе биде нумера за филмот „Absolutely Fabulous“.

Поточно се работи за обработка на песната „This wheels on fire“ што ја одбележа серијата „Absolutely Fabulous“.

Нумерата го најавува албумот со филмска музика на кој што ќе се најдат песните што ги снимија Ла Ру, Џејсон Деруло, Палома Фејт, Ненси Синатра, Питер САрстедт, Сантиголд, Ерта Кит и Формејшн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.