ВИДЕО: Како австралиските специјалци ја решија заложничката драма во Сиднеј

Неверојатен видео запис е објавен од моментот во кој вооружени специјални полициски сили упаѓаат во кафулето „Линдт“ во Сиднеј и ја окончуваат крвавата заложничката криза, пишува весникот „Мирор“, пренесува Нетпрес.

Акцијата на австралиските полициски специјалци траела само 34 секунди. Кога се’ завршило и кога запреле пукотниците, единствено се слушал звукот на алармот и плачот на заложниците.

Како што е веќе познато, три лица загинаа во заложничката драма, која траеше цели 16 часа, а меѓу нив и напаѓачот Ман Харон Монис. Останатите двајца загинати се заложниците Тори Џонсон, за кој се претпоставува дека јуначки скокнал врз киднаперот, во моментот додека задремал, и Катрина Доусон, кој била убиена додека се обидувала да ја заштити својата бремена пријателка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.