ВИДЕО: Како босанските полицајци се справуваат со странци

Оваа видео снимка е вистински хит. На неа се гледа како босанскиполицајци се справуваат со странци.

“Кој не гледал, не знае што е смешно”, пишуваат оние кои го споделуваат видеото преку социјалните мрежи, а станува збор за (не)познавање на англискиот јазик на локалните полицајци.

“Лајт” не ти беше ОН, веројатно во превод на англиски треба да значи дека возачот возел без светла. Меѓутоа, нема да откриеме се’, најдобро е да го погледнете видеото.

Коментарите за видеото се различни. Некои луѓе се срамат што босанските полицајци не се многу вешти со странските јазици.

“Неверојатно е какви луѓе имаат работа, а колку паметни луѓе седат дома”, тврдел еден интернет корисник кој мисли дека полицајците мора да го познаваат англискиот јазик.

Меѓутоа, други ги пофалиле полицајците, велејќи дека никаде во светот полицијата не зборува на јазик кој не е нејзин мајчин.

“Должност на странците е да научат неколку основни зборови и фрази кога патуваат во друга земја”, гласи еден коментар.